Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Дали може и наизглед обичен, зелен, лиснат зеленчук да спречи рак, да помогне при слабеење, да го намали крвниот притисок, да го зајакне срцето, дури и да ги спречи вродените мани? Стручњаците тврдат: спанаќот е семоќен зеленчук!
Спанаќот е одличен извор на витамин А и К, манган, фолна киселина, магнаезиум, железо, витамин Ц, витамин Б2, калциум, калиум и витамин Б6. Моќните природни минерално - витамински содрини на спанаќот можат да бидат ефикасен извор за оздравување од многу болести. Една чаша варен спанаќ има 41,4 калории со неверојатно висок процент на витамин К.
Фолат е минерал откриен во спанаќот, докажано го намалува високиот крвен притисок и воспаление на крвните садови. Хемиската верзија на фолатот и фолната киселина  научниците ја поврзуваат со пониска стапка на вродени мани кога се зема орално, во текот на бременоста.
Конзумирањето на сиров спанаќ е познато, но не претставува најдобар избор за секоја личност. Всушност овој зеленчук изобилува со окална киселина, која се ослободува при сирова конзумација. Оваа киселина може да предизвика оштетување на крвните садови. Додека пак, кај некои луѓе, после конзумација на големи количини на сиров спанаќ, може да се појават симптоми на гихт, артритис и реума. Оксалната киселина може, кај луѓе со ослабната бубрежна функција да предизвика камен во бубрегот и жолчката.
Меѓутоа добра е веста дека количината на оксална киселина може да се намали готвење на спанаќот. Овој зеленчук мора да се измие и да се свари во две води пред да се конзумира. Ова во голема мера ќе ја намали количината на оксална киселина. Иако хранливата вредност на спанаќот се намалува со варењето, таа, дури и после термичка обработка е еден од најдобрите природни извори на хранливи состојќи.

Дата: 11/28/2010