Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


По се изгледа преку солзите се ослободуваме од хормоните и другите „стресни хемикалии“ кои се таложат во нашето тело кога сме тажни.
Овој заклучок се темели на фактот дека солзите кои ги испуштаме кога плачеме се разликуваат од основната солзна течност, која ги подмачкува очните јаболчници и ни помага да го изостриме погледот, како и од рефлексните солзи кои ни помагаат да отсраниме туѓо тело од окото.
Солзната течност, на пример, многу повеќе помага при фокусирањето отколку самата леќа. Оваа течност исто така содржи белковини и останати состојки кои ни помагаат во уништувањето на бактериите.
Солзите пак кои настануваат кога плачеме содржат 25 проценти белковини, но воглавно во вид на хормони, па можеби на тој начин нашето тело се ослободува од вишокот на хормони, па затоа ние чувствуваме олеснување.

Дата: 11/28/2010