Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Венчавката на принцот Вилијам, син на Чарлс и на покојната принцеза Дијана, со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон, се предвидува да биде „народна свадба“.
На 29 април идната година, на венчавката во Вестминстерската Опатија во центарот на Лондон, покрај официјалните гости и многу европски кралски семејства, идната брачна двојка сака да бидат поканети и многу деца, доброволци и активисти од хуманитарните организации, како и бездомници од британскиот главен град. На денот на свадбата се предвидени организирање на бројни улични забави, еден голем концерт на поп музика, што ќе се продолжи како четиридневен народен празник.
Британскиот премиер Дејид Камерон изјави дека свадбата на идниот крал Вилијам е „среќен настан“ и ден од огромно значење, па Владата го прогласи за неработен во Англија и Велс. Локаланата Влада во Шкотска која има голема автономија, најави дека и во тој дел на Велика Британија, сведбата на Вилијам и Кејт, чија љубовна врска почна во шкотскиот Универзитет „Сент Ендријус“, ќе биде прогласена за неработен ден.
Претставник на младиот принц изјави дека е предвидено свадбата да биде „светски спектакл“ за кој постои интерес далеку зад границите на Велика Британија, па тој ќе се искористи за да се покаже како „пример за тоа што Британците умеат најдобро да го направат“.

Дата: 11/25/2010