Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Треба да утврдите кое овошје ви одговара и начин на кој ќе го конзумирате безбедно.
* Банани ја враќаат енергијата, богати се со калиум, магнезиум и витамин Б6, кој е добар за нервите. Но, зелените банани можат да предизвикаат дигестивни проблеми, бидејќи скробот кој го содржат многу тешко се вари. Истражувањето спроведено во Франција покажало дека 84% од испитаниците кои јаделе зелени банани, имаат сериозни проблеми со варењето на храната. Затоа јадете само банани со жолта боја.

* Јаболките се одличен извор на многу корисни состојки, особено флавоноиди (содржат антиоксиданси кои го штитат срцето). Меѓутоа оние со чувствителни црева, јадејќи јаболки ќе имаат гасови и тешкотии. На ваквите личности им се препорачува да ги избегнуваат јаболките, дури и да не јадат овошје секојдневно бидејќи им се потребни различни видови на влакна за да функционираат добро.

* Добрата страна на боровинките е дека се одличен извор на антиоксиданси карактеристични за црвена, розева и сина боја на овошје и зеленчук кои штитат од срцеви заболувања, рак и предвремено стареење. Сепак како и други шумси плодови кои растат блиску до земјата, постои ризик од загадување од отпадните води (канализацијата), кои може да предизвикаат труење на стомакот, па дури и од заболување од хепатитис А. Ако не можете да им одолеете на боровинките единствен совет е: секогаш прво исперете ги под млаз вода.

* Диња е нискокалорично овошје и извор на каротеноиди кои позитивно влијаат на имунолошкиот систем. Меѓутоа затоа на кората од дињата, која ја допира земјата за време на процесот на растење се развива салмонела, па затоа пред да ја исечете дињата, задолжително измијте ја.

* Калинката е одличен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок, каротеноидите и антиоксидансите кои се покажаа одични во борбата против разни болести. Кога јадете калинка не можете да избегнете семките да не ги голтнете, но тие се катастрофални за оние кои имаат чувствителен желудник бидејќи може да ја иритираат слузокожата на цревата и предизвикуваат дијареа.

* Киви има повеќе витамин Ц  отколку пртокалите, извор е на калиум (го регулира крвниот притисок) и фолна киселина. Негова лоша страна е што може да предизвика алергија. Британската студија покажала дека две третини од испитаниците кои прв пат јаделе киви добиле алергиска реакција на ова овошје. Меѓу возрасните тоа се случило на само една петина. Тие чувствувале чешање, отежнато дишеле и слузокожата им била отечена. Доколку имате пролетна алергија или сте алергични на млеко, јајца и кикирики, имате поголеми шанси да сте алергични и на киви. Затоа кога на децата прв пат им давате киви или пак по некое време видите некоја реакција консултирајте се со вашиот лекар.

* Грејпфурт содржи многу витамин Ц и е одличен антиоксиданс. Сепак негова лоша страна е што дури и мала чаша од грејпфурт може да го намали дејството на многу лекови, како што се антидепресивите и оние кои се против висок холестерол и крвен притисок. Зошто? Бидејќи нрговите состојки неговите состојки ги спречуваат ензимите кои влијаат на дејството на лековите, предизвикуваат некој вид на предозирање. Освен тоа може да се јават болки или грчеви во мускулите. Затоа избегнувајте го грејпфуртот ако зимате било каков лек.

Дата: 10/30/2010