Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Саша Вујачиќ кошаркар од Словенија, кој игра за Лос Анџелес Лејкерс, изјави дека се верил со руската тенисерска звезда Марија Шарапова.
"Ние се веривме и навистина сме среќни. Ова е добро,бидејќи сега можеме да се концентрираме на други работи" рече Вујачиќ.
Вујачиќ исто така рече дека ја запоросил Шарапова на годишнината од денот кога се запознале.
"Тоа веројатно е старомоден начин но морав да го направам тоа како господин."
Кошаркарот додаде дека сеуште не е одреден датум за свадбата, и агентот на тројниот победник во гранд слем турнирот, Шарапова ја потврди оваа вест.

Дата: 10/22/2010