Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


Женева - Секоја секунда во светот од мобилните телефони се испраќаат околу 200.000 СМС пораки, се наведува во извештајот на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ), по повод Светскиот ден на статистиката, што се одбележува на 20 октомври.
Во извештајот се наведува дека бројот на испратени СМС пораки за три години тројно се зголемил. Во 2007 година корисниците на мобилната телефонија испратиле 1,8 билиони пораки, додека годинава - 6,1 билиони.
Просечната цена на една СМС порака во светот е седум центи, така да мобилните оператори секоја сњекунда заработуваат 14.000 долари или 812.000 долари за една минута.
ИТУ наведува дека минатата година кинеската компанија за телекомуникации „Чајна Мобајл“, најголемата во светот по бројот на претплатници, 13 проценти од профитот го остварила од СМС попраки.
Најголем, број СМС испраќаат жителите на Филипини и на САД, кои со 35 отсто учествуваат во вкупниот број испратени пораки.
ИТУ прогнозира дека бројот на претплатници на мобилната телефонија годинава ќе достигне 5,3 милијарди.

Дата: 10/21/2010