СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Активности    ☰    1127 посети



Назад     Сочувај за споредба

ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО МЕСО
ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО МЕСО
многу убаво многу убаво

 Земете:
1Л кг месо,
Уг кг пиперки,
1 шоља ориз,
1 шоља масло,
2 главички кромид,
2-3 домати,
2 чаши кисело млеко,
по малку црвен и црн пипер,
сол,
магданос.
За полнење се одбираат здрави месести бабушки или покрупни "капии" и се чистат од семето. Филот се подготвува на следниов начин: кромидот се пржи додека не смекне, му се додава оризот измиен, се пржи неколку минути а потоа се додаваат доматите излупени и ситно исецкани, се пропржува уште малку, се додаваат три шолички жешка вода и се остава сместа да врие околу петнаесет минути, додека зоврие водата, потоа се додава меленото месо, се пржи 5-6 минути и се додаваат: црниот и црвениот пипер, сол и магданос. Со оваа смеса се полнат пиперките, се редат во плитка тава, се прелеваат со разреден доматен сос и се крчкааат на тивок оган околу половина час. На крајот се прелеваат се едно јајце разматено со кисело млеко и се потпечуваат неколку минути во рерна.

524 посети
10/21/2010
Сочувај за споредба