Ви го честита Денот на сесловенските
просветители Св.Кирил и Методиј Историски и
културолошки значајното дело на словенските
просветители претставува огромен
цивилизациски придонес за сите народи кои ги
негуваат словенските традиционални и културни
карактеристики. Поставувањето на темелите на
писменоста на словенските народи е само дел
од придобивките со кои нè задолжија
сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната
благородна мисија денес обединува многу
народи, кои преку писменоста како едно од
основните обележја, вложуваат во промоцијата
на сопствената историја, култура и традиција.
Ова е значаен ден на кој се потсетуваме на
вредностите на големите просветители на
нивната посветеност, на нивните заслуги и
нивниот придонес кои се од непроценливо
значење за нашата и за други земји во Европа.
Ден на кој го славиме нивното епохално дело –
глаголицата, која стана основа за културен и
цивилизациски развој на многу европски
народи. Тимот на Агенцијата за иселеништво Ви
го честита 24-ти мај, Денот на сесловенските
просветители Св.Кирил и Методиј.
137 посети 4/13/2022