Кујната е најдобра во зима
Земете:
1 кг пиперки,
200 гр сирење,
јајца (за секого по 1 - 2 јајца според желба),
малку црвен пипер,
магданос и
сол.
Пиперките се печат,
се лупат и се чистат од семето,
се сечат на половинки по вертикала и се редат во земјено тавче. Врз нив се иситнува сирењето, а потоа се прават длабнатини со лажицата, онолку колку што јајца сакате да ставите и во секоја вдлабнатина ставате по едно јајце, внимавајки да не се разлее, потоа одозгора ги посипувате со црвен пипер, магданос, малку сол и по желба црн пипер. Сето тоа го потпечувате во рерна околу десетина минути. Се сервираат топли како предјадење или како додаток на печено месо.