СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Кујната е најдобра во зима

KYJHA    ☰    22573 посети



Назад     Сочувај за споредба

Посна сарма

Потребно е следното:
-1/2кг ориз,
-15о гр.соја трошки,
-една супена чинија полна со врв мелени ореви,
-една тегла печурки,
-10 средни парчиња праз,
-зачини и кисела зелка.

Прво се требе оризот се попарува со вода и поклопен стои на страна да набубри а може и да се свариш ,потоа сојата се попарува и таа да набубри во топла вода.За тоа време ситно исецканиот праз се пржиш на зејтин,се додаваат ситно сецканите печурки,и тие малку се пропржуваат,потоа оризот ,малку се пржи па оревите,и на крај сојата ,убаво се да се измеша и се ставаат зачините по вкус ,сепак малку подоминантен се става биберот,и на оваа комбинација не одговараат зачини како нане и сл,само вегета ,бибер и црвен пипер ,се се меша и се виткаат сармичките и тие се варат во расол ако е многу кисел расолот малку водичка измешано со расолот.Во садот одоздола се ставаат листови од зелка исто се покриваат и одозгора да не изгорат и се ставаат во рерна .Откако се сварат и се сервираат во чинија одозгора се поливаат малку со превриен зејтин и со малку црвен пипер за да добијат лик.

812 посети
12/5/2010
Сочувај за споредба