Кујната е најдобра во зима
Земете: 1 кг компири по можност црвени,
6 лажици масло, 2 лажици вински оцет,
1 лажиче сенф,
2 помали главици кромид,
0,5 чаша бело вино,
малку магданос,
сол,
црн пипер.
Измијте ги внимателно компирите и ставете ги во сад со студена посолена вода. Ставете ги да се варат на тивок оган 20 до 25 минути во зависност од големината на компирите. За тоа време подгответе го преливот: измешајте масло, оцет и сенф во подлабока чинија. Ставете сол и повеке црн пипер. Излупете и ситно исечкајте една и пол главица кромид, измешајте ја со претходно подготвениот прелив и оставете го настрана. Исечкајте ја на тенки резанки другата половинка кромид која ке ја употребите подоцна. Кога компирите ке се сварат, исцедете ја водата од садот и оставете ги компирите уште пет минути на тивок оган малку да се засушат. Потоа излупете ги компирите, исецкајте ги на тенки тркалца и ставете ги во чинијата за салата. Додека се сеуште топли прелејти ги рамномерно со бело вино. Потоа ставете го преливот врз компирите и внимателно измешајте. Посипете ја салатата со подготвените резанки кромид и ситно исечканиот магданос. Салатата се служи топла или студена. Според желбата, наместо бело вно можете да ставите булјон а наместо магданос можете да исецкате млади листови целер