СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Кујната е најдобра во зима

KYJHA    ☰    19749 посети



Назад     Сочувај за споредба

ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО ОРИЗ И КРОМИД

Земете:
1/4 кг пиперки,
1 помала чаша масло,
2-3 главички кромид,
2-3 домати>
1 чаша ориз,
1 чаша млеко,
1 јајце,
2 лажици брашно,
магданос,
црн пипер,
сол по вкус.
Одбирате убави месести бабури, ги чистите и малку ги посолувате одвнатре. Посебно го сечкате ситно кромидот и го пржите додека не омекне, потоа го додавате оризот измиен. Сето тоа се пржи неколку минути, се додава сол, црн пипер и половина од доматите ситно исечкани, се додава и малку вода за да набабри оризот и магданосот. Со приготвената смеса се полнат пиперките, се редат во подмачкана тава а одозгора се прелеваат со остаток на доматите исецкани на тркалца, се налеваат со жешка вода до половината пиперките и се печат околу половина час. Готовото јадење се прелева со сос направен од две лажици брашно, испржени на малку масло, едно изматено јајце и една шола кисело млеко. Се служат топли.

437 посети
10/21/2010
Сочувај за споредба