Се во Едно WEB за Вас
Потребно е:
- 1 лист обланди
- 2 конзерви туна
- 100 гр пченка
- 3 кисели краставички или повеќе
- 2 лажици пржен сусам
- 100 гр маргарин
- Пипер
- Кечап
Обландата се става помеѓу две влажни крпи за да омекне, додека се подготвува филот.
Маслото од туната се исцедува, а потоа се додава путер и се мешаат сите заедно. Се додаваат крупно исечканите краставички,
пченката и печениот сусам. Сите заедно, се комбинираат како фил и се премачкуваат омекнатите обланди, а потоа се виткаат како ролна.
Оставете ги 2 часа во фрижидер да се стврднат и пред да се исече на ролни, украсете ја со кечап.