СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Тестенини    ☰    1521 посети



Назад     Сочувај за споредба

ЗЕЛНИК СО ПРАЗ

Земете:
состојки за тесто: 200 гр брашно, 2 лажици зејтин,
сол,
1 жолчка,
брашно за месење на тестото,
состојки за фил: 1 страк праз,
100 гр масно сирење,
1 жолчка, 100 гр кравјо сирење,
сол,
мелен бибер, Уг лажица мелен благ пипер,
/4 сноп чубрика, 1 жолчка за путерот,
2 лажици млеко.
Тесто: се замесува брашното, зејтинот, сол, жолчката и околу 100 мл вода. Се мешаат со миксер или се замесува со рака, се додека тестото се одвои од садот. Се зема тестото и се става на една планшета опсипана со слој брашно, и се размесува уште 2-3 пати. Се завива во целофан и се остава во фрижидер 1 час.
Фил: се чисти празот, се сецка на тенки па-рчиња и се вари 30 секунди во солена вода. Се цеди и се остава да се исцеди добро во цедалка. Пресното сирење се сецка на коцки. Жолчката добро се меша со кравјото сирење, сол, бибер и мелена пиперка и се додаваат и иситнетите листови чубрица, потоа се додава исцедениот праз и коцките сирење. Од тестото се прават тенки кори кои се премазуваат со филот. Се премотуваат и се редат во тава. Се редат во тава намазена со путер. Се меша жолчката со млеко и се премачкуваат баница. Се печат во рерна 30 минути додека не се вцрват.

408 посети
11/26/2010
Сочувај за споредба