СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Тестенини    ☰    823 посети



Назад     Сочувај за споредба

Како да се решите од испукани врвови?
истите може
taka

Сакајќи да им порасне косата што побргу, многу жени одлучуваат да не ја шишаат косата со месеци!
Кутикулата, заштитниот слој на косата, невозможно е долгорочно да се сочува здрава, а кога еднаш ќе се оштетат, внатрешните слоеви на косата кои и даваат на косата волумен, флексибилност и еластичност-се разлистуваат, косата пука и невозможно е повторно да оздрави без употреба на ножици.
Сите производи за регенерација се наменети токму за спречување на пукањето, а на веќе испуканите врвови можат да ја поправат штетата само до наредното перење.
Најчести причинители за пукање на косата се:
- Пресилно и пречесто чешлање на косата со лоши и пластични чешли и неквалитетни четки, при што особено е штетно чешлање во спротивен правец, додека главата е наведната надолу, како и тапирање на косата;
- Хемикалии,но не само оние од бојата за коса или средствата за трајна андулација, туку, дури и хлорот од базените;
- Неправилно миење со ефтини, агресивни шампони и сушење со претопол воздух;
- Употреба на гума за коса;
- Излагање на УВ зраците.

Најдобро што можете да направите за својата коса е да ги исечете оштетените врови на секои шест до осум недели за да не се влоши ситуацијата. После тоа посветете и малку повеќе внимание на косата. Немојте да ја четкате кога е мокра, бидејќи тогаш е најчувствителна, само нежно расплеткајте ја со чешел со широки запци, а ако е долга, најдобро е да купите наменска четка во специјализирани прдавници за фризерски прибор. Витканата коса, пак треба благо да се расчешла уште додека на неа е регенераторот. Хемиски третираната коса бара повеке нега и затоа барем еднаш во две недели овозможете и богата, хидратантна маска.
И на крај, внимавајте на исхраната, бидејќи држењето диети кои драстично го редуцираат внесот на маснотијата, сигурно ќе остават трага и на вашата коса.

742 посети
11/7/2010
Сочувај за споредба