СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Интересно    ☰    4701 посети



Назад     Сочувај за споредба

Крај на светот 21.12.2012

До сега, многу научници, астролози, видовити лица го предвиделе крајот на светот и ја врзувале апокалипсата за одредени симболични датуми. Следниот "критичен" датум е денот на зимското затемнување на Сонцето, 21.12.2012. Тој ден ќе се случи многу редок астрономски феномен кој се случува еднаш на секои 230 милиони години. Ќе се изедначат Сончевиот систем со Млечниот Пат, и уште две галаксии ќе се израмнат со нашата. По тој повод, експертите велат дека може да дојде до радикални промени на климата на Земјата, што би можело да резултира катаклизма во невидени димензии. Древниот календар на Маите завршува токму на 21 Декември 2012 година. Овој календар е неверојатно точен и пресметките на свештениците на Маите биле толку прецизни што календарот е 1 / 10000 попрецизен отколку календарот што ние ги користиме денес. Од сите антички календари, календарот на Маите и другите култури на Средна Америка е најсложен и најинтересен. Тој во својата конечна форма веројатно датира од првиот век пред нашата ера. Маите верувале дека вкупниот животен циклус на Планетата Земја трае 26.000 години, и според нивниот календар последниот ден од циклусот е 21 Декември 2012 година

529 посети
10/21/2010
Сочувај за споредба