СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Интересно    ☰    4692 посети



Назад     Сочувај за споредба

70 години без вода и храна!

Несекојдневна приказна доаѓа од Индија, приказна за еден стар човек, кој тврди дека ништо не јаде ни пие цели 70 години. Asketa Džani Prahlada, кажува дека во својата 8 година е благословен од Бога, и од тогаш не консумира ниту вода ниту било која храна. Звучи неверојатно, но дали тоа е вистина се обидуваат да откријат докторите во воената болница во Ахмедабад, во индиската држава Гуџарат. 82-годишниот старец, прилично витален, и тоа како што велат лекарите, здрав како дрен, се согласил на тестирање, која ќе му покаже на светот како за живот не се потребни матријални работи, туку само вера и медитација. 30 експерти од различни области, проверуваат како се однесува телото на стариот Индиец, но за сега се е нормално, и нема знаци на исцрпеност.Тој дури и се согласил да не се бања во текот на тестирањето, но само еднаш дневно,да ја исплакне устата со 100 милилитри вода, која подоцна се мери за да биде сигурно дека ништо не испил. Првите резултати од истражувањето ќе бидат објавени во следните два месеци.

347 посети
10/21/2010
Сочувај за споредба