СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Интересно    ☰    4700 посети



Назад     Сочувај за споредба

Розов дијамант на аукција продаден за 29 милиони фунти

Еден од најретките дијаманти во светот, силно розово обоениот дијамант, е продаден на аукција за рекордни 29 милиони фунт или за приближно 46 милиони долари, јави дописникот на МИА од Лондон.
Станува збор за највисоката цена, која досега е платена за скапоцен камен во светот. Розовиот дијамант од 24,78 карати му е продаден на познатиот британски трговец со дијаманти и скапоцени камења Лоренс Граф, кој поседува неколку бутици во Лондон, како и свои салони во најголемите и најбогатите градови во светот.
Продажбата е извршена преку наддавање со посредство на аукциската куќа „Сотби“. Претставник на оваа фирма изјави дека во текот на наддавањето постоела остра битка меѓу претендентите за тоа кој ќе го поседува розовиот дијамант.
Претходно рекордна цена имаше постигнато еден син дијамант, кој на аукција во 2008 година беше продаден за 15,2 милиони фунти.
На последната аукција во „Сотби“ се продадени 500 најразлични скапоцени камења и предмети, меѓу кои и дијамантите на Кристина Оназис, покојната ќерка на некогашниот грчки бродосопственик и милијардер Аристотел Оназис, како и на Кристин Форд, сопруга на внукот на основачот на автомобилскиот гигант Хенри Форд.

305 посети
11/25/2010
Сочувај за споредба