СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Интересно    ☰    4691 посети



Назад     Сочувај за споредба

Женскиот мозок поактивен од машкиот

Мозокот на жените е поактивен од мозокот на мажите, покажаа резултатите од истражувањето, кое го спроведе канадскиот научник Адријана Мендрек, раководител на Одделението за психијатрија при Универзитетот во Монтреал.
Мендрек, специјалист по шизофренија, дојде до овие резултати со споредување на активностите на мозокот кај мажите и жените во група на американски пациенти заболени од шизофренија.
Истражувањето покажало дека женскиот мозок е поактивен од машкиот дури и кога се одмора.
Мендрек, меѓутоа, истакна дека тоа не значи дека мозокот на жената никогаш не одмара. Станува збор за тоа дека невронската активност на мозокот е поголема кај жените отколку кај мажите.
- Сите мозоци всушност се секогаш активни, станува збор само на нивото на активноста, појасни Мендрек.

328 посети
11/25/2010
Сочувај за споредба