Се во Едно WEB за Вас
Варшава - Свиебодзин е мал полски град кој се наоѓа недалеку од границата со Германија и наскоро ќе биде дом на 33 метри висок кип на Исус Христос.Кипот на Исус би требало да биде завршен во ноември кога ќе стане и службено најголем споменик на синот Божји во светот.Кипот, 33 метри висок ќе се постави на 16 метри висок насип и ќе биде за околу девет метри повисок од Исус во Рио де Жанеиро - Christ the Redeemer.
Градските власти се надеваат дека ќе се зголеми бројт на туристи во заедницата.
-Ако изградевме голф-терени или писта за трки со автомобили, туристите би доаѓале само за време на сезоната. Ова ќе трае цела година, изјави претставник на локалните власти.