СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

Интересно    ☰    4689 посети



Назад     Сочувај за споредба

10 најмистериозни места во светот

1. Аушвиц-Биркенау концентрациониот логор, Oswiecim, Полска ... Се вели дека многумина кои го посетиле Аушвиц-Биркенау кампот се чувствувале многу чудно и многумина наеднаш се расплакале без очигледна причина, повеќето луѓе не ни ја завршиле посетата и обиколката на кампот до крај. Посетителите кои доаѓаат да го видат ова место кажуваат дека и до ден денес птиците не пеат. Многу од луѓето кои го посетиле кампот велат дека чувствувале многу ладни места во кои се чувствуваат длабоки емоции. На некои слики биле најдени мистериозни светликави сенки. Аушвиц-Биркенау камп е еден од најмистериозните места во светот ... 2. Whitechapel / Spittalfields, Лондон East End, Лондон, Англија ...На ова место се одржало едно од најпознатите брутални убиства што се забележани.Џек Мевосек убиецот на кои треба допрва да се открие вистинскиот идентитет и кои се уште не е решен. Туристите како и лицата кои живеат во Whitechapel виделе и слушнале многу мистериозни феномени. Многумина виделе духови кои биле жртви на Џек, еден чудна војска од римски војници, духот на морнар, мистериозен црн пајтонџија, со бели коњи, кои ненадејно се појавуваат без звук и исчезнуваат, додека си трепнал ...
3. Подземните трезори ((подземни трезори)), Единбург, Шкотска... Трезори кои некогаш биле изградени за бизниси, имало и големи мостови, биле користени за подруми, работилници, подоцна биле напуштени поради поплави и влага. Кога местото било напуштено доаѓале бездомници и сиромашни, кои живееле и се спиеле таму, многу луѓе умреле од чума во подземните трезори. Различни паранормални феномени се случиле во подземните трезори, разни звуци, сенки, вознемирувачки крикови ...
4. Greyfriar’s Kirk гробишта / затворот Covenanter е во Единбург, Шкотска.Сурови работи се случувале во затворот Covenanter, загинале многу затвореници а во близина на затворот се наоѓале гробиштата на Greyfriars Kirk, луѓето биле живи закопани,а многумина биле изгорени. Околу 1998 започнале да се случуваат многу необајасливи работи околу гробиштата, каде што луѓето кажувале дека почувствувале ладни места, голема смрдеа, гласни звуци кои доаѓаат од гробовите, а некои од туристите биле повредени. Многу туристи, посетители, па дури и водичи биле нападнати од нешто што ни тие самите незнаат што би можело да биде, имале модрици и гребаници по рацете и нозете. Некои од нив биле дури и се туркани, биле зашеметени и повраќале. Многумина виделе сенки, слушнале смеа, виделе објекти што се помрднуваат... 
5. Колосеумот, Рим, Италија ... Многу водичи и посетители, кои биле во Колосеумот велат дека чувствувале ладни места, допирање и туркање, слушнале шепотење околу нив, а исто така и чуварите и стражарите кои работат во Колосеумот пријавувале многу пати дека слушаат звуци на мечеви исто така слушале и крикови на животни , бесни лавови, слонови, звуци, гледа духови од луѓето на седиштата на стадионот, како и многу пати е виден духот на римскиот војник ... 
6. WALACHIA, Трансилванија, земја на Дракул, Романија ... Туристите како и лицата кои живеат овде пријавиле многу мистериозни појави во замокот, чувствувале ладни места, чудни звуци, многу луѓе виделе мистериозни сенки во замокот на грофот Дракула. Понекогаш тие обиколки во замокот биле скратени поради некои мистериозни крикови и паранормални настани ... 
7. 731 Единица на експериментален камп, Харбин, Манџурија, Кина.. Камп наречен по Азискиот Аушвиц, многу луѓе биле убиени во овој логор, некои од нив биле затвореници, од нив се правени експерименти, кастрирање и многу повеќе, а не им била дадена никаква анестезија. Многу луѓе биле убиени во овој логор, и денес во овој град и околните села има пријави на многу мистерии, духови, многу паранормални феномени, таинствени гласови и звуци, сенки во слики, дури и БиБиСи биле да го снимаат местото и имале проблем со светлата и батериите кога почнале да снимаат ... 
8. Атол Палмира Ајленд, Тихиот Океан ... Луѓето што ги посетиле островот велат дека ова е дефинитивно еден остров на духови, многумина велат дека имаат многу непријатно чувство и многу паранормални работи се случуваат на островот.Местото е ненаселено, едно од најоддалечените места во светот, кое е лоцирано во средина на Тихиот Океан. Според легендата тука е закопано гусарското богатство, и се случиле многу убиства а едно од најголемите е во 1970 година,има пријавено исчезнување на многу луѓе на овој остров, кој никогаш не биле пронајдени, исчезнати бродови, многумина велат дека историјата на овој остров е слична на Бермудскиот триаголник ... 
9.Катакомби, Париз, Франција. ... Милиони посетители и водичи кои го посетиле катакомбите во Париз, велат дека ова место е уште мистериозно, се чувствуваат многу ладни места, исто виделе духови кои поминуваат низ ходниците на катакомбите, а некои дури и ги придружувале групите наоколу, многу забележале група на сенки во темен ходник во катакомбите, некои дури и ја стопирале посетата на катакомбите порано, не го виделе крајот бидејќи почувствувале голема слабост и не сакале да одат понатаму,имале голем страв. Во голем број слики можат да се видат паранормални сенки, па дури и камерите имале снимено. Никогаш не се препорачува да се оди сам или со луѓе кои не го знаат добро патот низ катакомбите бидејки можеш лесно да се изгубиш и никогаш нема да излезеш од катакомбите.Многу од нив на шала отишле во катакомбите, и никогаш повеќе не биле видени ни пронајдени. 
10. Magh Sleacht рамница, во близина на Ballyconnell, Каунти Cavan, Ирска. Многу легенди се случувале на ова место, приказната е тоа што тука бил Хром кој Келтите многу го почитувале и му носеле жртви. Посетителите на ова место велат дека слушнале звуци и мирис на запалено месо, некои дури и сликале сенки во форма на луѓе, кои се наоѓале околу камењата пред зајдисонце, други велат дека виделе дури духови на рамицата среде бел ден ...

477 посети
10/21/2010
Сочувај за споредба