СеВоЕдно web за Вас
 085 383 380
 info@sevoedno.com


Се во Едно WEB за Вас

СеВоЕдно web за Вас    ☰    129460 посети



Назад     Сочувај за споредба

МОДРИ ПАТЛИЏАНИ

20 парчиња модри патлиџани
6 пиперки црвени и зелени
магданос
керевис
лук
сол
оцет
Исчистете ги патлиџаните исечете им ги дршките измијте ти добро и засечете ги на 3-4 места во вид на резенка, а не до крај. Ставете во еден погoлем сад вода и обарете ги патлиџаните. Барете ги околу 15 минути. Извадете ги од вода со решеткаста лажица, ставете ти на даска и покрите ги со даска врз која сте ставиле тешкo за да се исцедат од водата. Така оставете ги патлиџаните да преноќат. Земете ги пиперките и исечкајте ги на парчиња, исечкајте го магданосот, керевисот, лукот и ставете ги во сад. Посолете ги и оставете ги да постојат 20-30 минути. Со овој фил полнете ги патлиџаните, а како филот не би се растурил, секој патлиџан заврзете го со дршка од керевис. Редете ги во тегла и налејте ги со разблажен оцет, заврзете ги и оставете ги до употреба.

697 посети
11/24/2010
Сочувај за споредба