Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија
 02 3118 633
 info@minisel.gov.mk



Агенција за иселеништво на
Република Северна Македонија

Авто школа во Берово     ☰

Дали некој друг ги виде прекрасните
слики проектирани на градското
собрание на улицата Пакингтон во
Џилонг? Овие се само неколку од многуте.
Секоја слика е придружена со кратка
порака снимена од сликаната личност, со
објаснување како се чувствуваат
носејќи традиционална национална
носија. Фантастична идеја. Организатор
е Диверзитет, како дел од Пако Феста 2021 Фестивалот на храна, што веќе 40 години се организира како годишен настан.

На првата слика е нашата прекрасна
Лили, која ја претставува
Македонската православна општина и
МКУД „Бисер" од Џилонг.

37 посети
3/17/2021
Сочувај за споредба

Пет години успеси и многубројни активности со заеднички сили,сплотени да се бориме да ја негуваме и зачуваме македонската култура,јазик и традиција со цел продолжување на македонизмот и овде во Италија.

Честитки за успешната работа на Мкд Свети Кирил и Методиј Трентино и на неговите членови сите овие години пристигнуваат од сите организации кои соработуваат со нас. Голема е благодарноста од сите субјекти за нашата искрена посветеност и заложби за промоција,негување и зачувување на македонските историски,културни и духовни традиции и вредности и овде во Италија. Според нив ние од друштвото со нашиот ентузијазам и трудољубивост не само што помагаме и придонесуваме за зголемување на угледот на нашата татковина Република Македонија,туку претставуваме пример за тоа како треба да се негуваат чувствата да се помага и да се сака својата родна земја.Имено,врската меѓу татковината и дијаспората е вредност која треба да се негува.
Во 2020 година „Maкедонското културно Друштво Св. Кирил и Методиј Трентино” поради пандемијата имаше големи проблеми во реализацијата на предвидените активности кои за жал продолжуваат и оваа година. Забраната за организирање забави и културни манифестации го стори своето. Но Мкд Свети Кирил и Методиј Трентино не остана заборавено и не остана само на себе.

Од име на Управниот одбор на друштвото, предводен од претседателот Венко Трпески за сите членови и помагатели едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ. Со вас и со вашата огромна поддршка, како морална така и финансиска секој проблем е лесно решлив. Се надеваме дека во оваа 2021 година вирусот ќе биде победен и наскоро ќе му се вратиме на нормалниот секојдневен живот. Иако сé уште не сме излезени од кризата, сепак, не дозволувајте позитивната мисла и оптимизмот да ве напуштат.

Среќа или тага, рамнодушност или возбуда, оптимизам или песимизам сите овие опции животот ви ги нуди секој ден. Од вас зависи дали ќе го направите вистинскиот избор...

Честопати велам дека заедно,и сплотени сме посилни и како народ и како држава.Токму тоа нека ни биде мотив за понатамошни успеси.Нека е вечна и од бога благословена нашата татковина, Република Македонија.

Венко Трпески 

58 посети
3/1/2021
Сочувај за споредба

Најмладите при Здружението Кирил Пејчиновиќ Краљево, преку креирање на магнетчиња со теми од градови од Македонија, се подготвуваат за празникот на жената 8 март.  

81 посети
2/24/2021
Сочувај за споредба

Македонското културно уметничко друштво  „Илинден" во Мелбурн ги известува сите членови дека во центарот на заедницата на Тејлор Хил пробата ќе започне денес  во 19 часот.


Пробата во петок навечер ќе биде од 19 до 20 часот секој петок навечер.


 Во изминативе 48 години низ друштвото поминале над 2,000 играорци и затоа аманет е да се продолжи со пренесување на љубовта на нашата културна ризница.

Сите се добредојдени да ги донесат своите деца за да се дружат и да ги изучуваат фолклорот и културата на Македонија.

51 посети
3/4/2021
Сочувај за споредба

Учениците што ја посетуваат дополнителната настава на македонски јазик во Германија, Словенија, Франција и во Швајцарија, под менторство на професорскиот кадар м-р Аниса Трпчевска, Ана Матовска-Смилевска, Катица Мицева, Бисера Коцар-Филиповски, Снежана Катарова, Елица Атанасовска-Стојаноска и Ане Тимовска-Митрева, одржаа заеднички час по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.

Програмата на овој настан беше збогатена со учеството на едукаторката м-р Маја Димитрова, која со кратка презентација ја претстави работата на Националната галерија, нејзиното институционално значење во зачувувањето и промовирањето на македонските современи и традиционални културно-уметничките вредности. Оваа установа со години реализира ваков вид соработка со професорскиот кадар и веќе ужива голема доверба и почит кај учениците што ја посетуваат наставата на македонски јазик.
Ксенија Маказлиева-Трајчева, уредничка на детските списанија „Росица“ и „Другарче“ на „Детска радост“, при издавачката куќа „Просветно дело“, ги запозна учениците со историските податоци за првите детски печатени списанија на македонски јазик, кои и визуелно им беа прикажани.

– Ова беше навистина значаен миг за нашите ученици, бидејќи имаа неповторлива можност да ги видат првите детски печатени списанија на македонски јазик. Сето ова ја поттикна нивната љубопитност, па тие изразија желба за организирана посета, како на Националната галерија, така и на „Просветно дело“. Сметаме дека ваквите часови, но и идни лични средби, кои неминовно се наметнуваат по ваквите успешни часови, се од суштинско значење за развивање на чувството на припадност, а со самото тоа и втемелување на љубовта кон родниот крај и сопствените корени – изјавија професорките вклучени во проектот.

Овој пионерски настан, кој заслужува внимание, како поради иницијалната идеја, така и поради важната улога во втемелувањето на националните обележја во детските карактери, заврши со прекрасната музичка изведба на македонските песни „Македонско девојче“ и „Во светот на бајките“, на м-р Анета Качуркова-Милцент, поранешна членка на групата „П.С.“, која моментално е со ангажман на Музичката академија во Париз. Околу 200 детски гласа низ целата Европа, во хорски настап заедно со Анета, испратија порака со мотото на овој настап до цела Европа: „Европо, слушни го македонскиот збор!“
Овој настан со гордост беше проследен од Министерството за образование и наука, чиј претставник беше Сања Јанчева – одговорна за професорскиот кадар во странство и Агенцијата за иселеништво, претставувана од Билјана Костова, раководителка на сектор, и Симона Ристевска, портпаролка.

– Навистина ме изненадивте, не ве очекував во толкав број. Радост е да се биде дел од настанов. Мајчиниот јазик е насушна потреба на секој човек и секој од нас има одговорност да го негува и развива – им се обрати Сања Јанчева на присутните.
И претставничката на Агенцијата изјави дека секогаш ќе биде на располагање за потребите на наставата.

– Ние секогаш ќе вложуваме напори да ви обезбедиме учебници и наставни помагала. Некои до овие учебници штотуку се подготвени од вашите професорки, кои ја заслужуваат сета наша почит, и наскоро ќе ви бидат достапни. Радост е да ве видиме во толкав број и да бидеме сведоци на еден ваков убав настан, кој се одржува далеку од вашата татковина, на кој сите вие од различни држави можете конечно да се запознаете и да другарувате – изјавија Билјана и Симона од Агенцијата за иселеништво.
Овој убав настан беше уште еден доказ дека татковината и нејзиното наследство се бранат и чуваат со дела. 

107 посети
2/22/2021
Сочувај за споредба

Одушевени сме да ја поздравиме Анастасија Вчкова назад во фамилијата на МКУД „Илинден", сега како кореограф

Анастасија настапува од 5 годишна возраст и како играорка и како пејачка. Таа дојде во МКУД „Илинден" во 2012 година и настапуваше 8 години, во јуниорскиот и сениорскиот состав.

Анастасија е искусна, ентузијаст, страствена играорка која е воодушевена што се враќа, за да ги учи младите македонски фолклор и кѕлтура.

Добре дојде назад Анастасија.

44 посети
3/4/2021
Сочувај за споредба

Како друштвото „Македонија“од Ешалан постои и опстанува повеќе од три децени ?

Додека голем број мали бизниси во Австралија мораа да ги затворат своите врати поради ...повеќе 13 посети
4/6/2021
Сочувај за споредба

Во Хрватска излезе новиот број на „Македонски Глас"
Во Хрватска излезе новиот
...повеќе 13 посети
3/30/2021
Сочувај за споредба

Во француската престолнина Париз, претставници на македонските заедници од Франција и ...повеќе 15 посети
3/29/2021
Сочувај за споредба

Настава по македонски јазик во Република Словенија. На интересен и забавен начин, дечињата ...повеќе 23 посети
3/18/2021
Сочувај за споредба

Почеток на релизација на првиот проект за изучување на мајчин јазик во држави каде нема ...повеќе 21 посети
3/12/2021
Сочувај за споредба

Во гевгелискиот „Виолета парк“, кој се наоѓа во непосредна близина на Железничката ...повеќе 2 посети
4/16/2021
Сочувај за споредба

Зелените острови долж булеварот „Ленинова“ во Струмица се украсуваат со засадување ...повеќе 5 посети
4/15/2021
Сочувај за споредба

Во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ Прилеп, започна реализацијата на новата капитална ...повеќе 1 посети
4/15/2021
Сочувај за споредба

Започна пролетната акција на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија

за одржување, уредување ...повеќе 9 посети
4/6/2021
Сочувај за споредба

Уште една локација во Оптшина Кавадарци ќе добие хортикултурно уредување. Се работи за ...повеќе 6 посети
4/6/2021
Сочувај за споредба

Младите пијанисти од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка ...повеќе 12 посети
3/29/2021
Сочувај за споредба

Општина Кавадарци со нов проект го обновува градскиот парк, во оваа фаза од работите, се ...повеќе 11 посети
3/26/2021
Сочувај за споредба

Во клубот на пензионери Крива Паланка беше отворена пензионерска библиотека, наменета ...повеќе 12 посети
3/26/2021
Сочувај за споредба

Со два проектa вредни околу 12.5 милиони денари се подобрува спортската инфраструктура во ...повеќе 10 посети
3/26/2021
Сочувај за споредба

 Почитувани иселеници!

Агенцијата за иселеништво организира настава од далечина
...повеќе 35 посети
3/1/2021
Сочувај за споредба

 Почитувани,

 Од понеделник 1 март 2021 година започна  самопопишувањето ...повеќе 32 посети
3/5/2021
Сочувај за споредба

Македонско културно друштво „Бисер Охридски„ Зареб, во рамки на манифестацијата ...повеќе 8 посети
4/6/2021
Сочувај за споредба

Сашо Поцков, ...повеќе 54 посети
3/25/2021
Сочувај за споредба



Сашо Поцков, градоначалникот на општина Гевгелија, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна ...повеќе

Симовски – ...повеќе 50 посети
3/25/2021
Сочувај за споредба



Симовски – Близнаковски: Интересот за самопопишување на дијаспората постојано расте, институциите се на располагање за сите прашања ...повеќе

Бигорскиот манастир ...повеќе 58 посети
3/12/2021
Сочувај за споредба



Бигорскиот манастир срдечно го пречека во својата живописна прегратка директорот на Агенцијата за иселеништво, г-динот Слободан Близнаковски. ...повеќе

Директорот на ...повеќе 91 посети
2/16/2021
Сочувај за споредба



Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски оствари работна средба со градоначалникот на општина Св. Николе, г-дин ...повеќе

Заменик директорот ...повеќе 31 посети
3/12/2021
Сочувај за споредба



Заменик директорот на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија, Измит Нура оствари средба со заменик директорот на Државниот ...повеќе

Денеска, во својот ...повеќе 76 посети
3/1/2021
Сочувај за споредба



Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, оствари работна средба со Директорот на Агенцијата за иселеништво ...повеќе

Градоначалникот ...повеќе 79 посети
2/15/2021
Сочувај за споредба



Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оствари работна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво на  РС Македонија, Слободан ...повеќе

 Во просториите ...повеќе 63 посети
2/12/2021
Сочувај за споредба



 Во просториите на Агенцијата за иселеништво, директорот Слободан Близнаковски, оствари средба со директорот на компанијата Тотал Тв ...повеќе

Во просториите ...повеќе 93 посети
2/11/2021
Сочувај за споредба



Во просториите на издавачката куќа „Култура”, директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, г-дин Слободан ...повеќе

Нацоналната опера и балет најавува „Гала оперски концерт“ кој ќе се одржи во петок ...повеќе 33 посети
2/15/2021
Сочувај за споредба

МКУД „Слобода" Аделајд

Благодарност за нашите изведувачи кои учествуваа ...повеќе 22 посети
3/23/2021
Сочувај за споредба

ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ,, ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" 20- МАРТ- 2021

По повод поетската манифестација „ВАНЧО ...повеќе 20 посети
3/23/2021
Сочувај за споредба

Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија      ул. Македонија бр.19     1000 Скопје     02 3118 633     info@minisel.gov.mk   од 12/5/2020 посетена 63110 пати